РЕЗЕРВАЦИЈА   СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ   ЦЕНИ   КОНТАКТ  
 
 
ЗА ХОТЕЛОТ
СМЕСТУВАЊЕ
РЕСТОРАН
КОНФЕРЕНЦИИ
СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА
НАГРАДИ
ЛОКАЦИЈА
ЗА СТРУГА
 
 
 
ПРАШАЛНИК
 
ЗА СТРУГА
Градот Струга е ситуиран на брегот на Охридското Езеро. Познат е уште од времето на Илирите, и многу стари писатели на патнички водичи забележале дека Струга бил многу жив град, со развиена трговија, големи пазари, а куќите на богатите Стружани секогаш биле убави и декоративни. Затоа, уште оттогаш постои познатата изрека: "Како Струга нема друга".
Во оваа туристичка област има 65 туристички единици каде сместувачките капацитети може да се справат со 16.298 посетители во исто време.
   
Во текот на годината Струга ја посетуваат 60.000 туристи кои остваруваат 330.000 ноќевања. Од 1961 година, Струга е домаќин на интернационалниот фестивал на поезијата познат како "Струшки вечери на поезијата". Фестивалот се одржува секоја година кон крајот на август и е најголем светски настан од овој вид. Струшките вечери на поезијата и "патувањето на јагулата" се две главни светски атракции со кои се гордеат граѓаните на Струга.
Од другите антропогени вредности посебно внимание заслужува комеморативната куќа на браќата Миладиновци, како и музејот на д-р Никола Незоблински, во кој е претставена фауната на Охридското Езеро.
Струга исто така е родното место на познатиот културен деец - Војдан Чернодрински.
Меѓу поважните културни споменици е црквата "Св. Ѓорѓи", чии икони датираат од 13 до 19 век. Во друга црква со истото име ("Св.Ѓорѓи") изградена 1267 година, откриен е мозаик од 5 век. Задолжително треба да се појде во рибарското село Калишта и да се посетат црквата Св. Богородица, која е покрај самиот брег на езерото и пештерската црква Св. Атанасиј.
   
  © Copyright 2008 Makpetrol A.D. All rights reserved.